
За прашањето е активирано минхенското Обвинителство, изјави неговиот портпарол Флориан Вајнцил по поднесената тужба против Цукерберг од адвокатот Чан-џо Јун со седиште во Минхен.
Според адвокатот првичната истрага е спроведена против Цукерберг и уште деветминат раководители на американската компанија.
Обвинителството во Хамбург во март отфрли слична тужба од истиот адвокат, со образложение дека раководителите на Фејсбук не влегуваат во јурисдикцијата на германското законодавство.