
Торстен Фрај е германски политичар од владејачката коалиција ЦДУ/ЦСУ, Торстен од 2013-та година е пратеник во германскиот Бундестаг, каде што моментално е член на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот, член на Комисијата за односи со ЕУ и член на парламентарната група за пријателство и врски со земјите од Југоисточна Европа. Пред тоа ја извршува функцијата градоначалник на градот Donaueschingen, во германската покраина Баден Виртенберг.
-На средбата стана збор за претстојните парламентарни избори, како и надминувањето на политичката криза. Груевски истакна дека се исполнети сите услови за одржување на изборите и дека тие се излезот во насока на надминување на кризата. Груевски истакна дека граѓаните ќе имаат можност да одлучат за иднината на државата и да се определат меѓу концептот на градење и проекти, и концептот на создавање на кризи и деструкција застапуван од опозицијата, соопштуваат од партијата.
Исто така, на средбата станало збор за македонско – германските односи, особено за зголемениот број на германски инвестиции и нови фабики во Македонија, вклучително и евро – атлантските интеграции кои преставуваат наша заедничка стратешка цел.
ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ како сестрински партии се долгогодишни партнери во рамките на Европската народна партија (ЕНП), со постојана соработка на билатерално и мултилатерално ниво.