
Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на засилено јужно воздушно струење и топла и влажна воздушна маса. Во понеделник ќе започне да дува повремено засилен јужен ветер и во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а можни се и ретки грмежи.
Во вторник и среда ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места повеќе од 50л/м 2. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
До средината на неделата ќе биде релативно топло, а потоа ќе започне да дува северен ветер, кој ќе предизвика позначително опаѓање на температурата и услови за снег на планините.