
Натпреварот се одиграл помеѓу локалните клубови Амигос дел Балон и АВОЛ, кога играчот Рубен Ривера Васкз добил црвен картон. Неможејќи да се воздржи тргнал кон судијата и му задал кобен удар со главата.
Судијата Виктор Треха паднал и починал на лице место. Лекарите безуспешно се обиделе да му пружат помош.
Локалните медиуми тврдат дека Васкез веднаш побегнал и по него се трага.