
Според прогностичките модели особена внимателност треба да се посвети во сливот на реката Црн Дрим, Радика, горните текови на реките Вардар, Треска, Црна Река и нивните притоки и суводолици. Во сливните подрачја на Радика и Црн Дрим на делови од помалите водотеци при појава на поројни врнежи, можни се локални излевања.
Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и одрони.