
Советот на ЕУ одлучи да вклучи во списокот на санкции против Русија шестмина пратеници од Државната дума.
Списокот со санкции се зголеми на 152 лица и 37 организации.
Пратениците, кои беа додадени на списокот со денешната одлука, биле избрани на изборите, кои се одржаа во Крим по анектирањето на полуостровот од страна на Русија.
Санкциите вклучуваат замрзнување на имот и одземање на правото за патување во ЕУ.
Листата со санкции првично е изготвена во 2014 година, а нејзината важност е продолжена до 15 март 2017 година.