
Србов при своето гостување истакна дека новиот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи и дека очекува расветлување на случајот во најскоро време.
– Исто така добивав закани кога беше случајот со министерот Диме Спасов, кога излегов на телевизија да прокоментирам кои подземни структури всушност делуваат во политиката, па и тие закани ги ставив онака на страна. Ова е баш директна закана и јас истата се одлучив да ја пријавам во МВР. Настанот е пријавен во МРВ, се надевам дека министерството ќе се заложи да се реши и да се расветли овој случај. Покрај тоа, Бабановски ќе си добие и соодветна тужба, кажа Србов.
Целото гостување на Никола Србов на ТВ Нова погледнете го во продолжение: