
Според ФСБ, уапсени се припадници на „диверзантско-терористичка група на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, која планирала диверзантски акции во објекти од воената и цивилната инфраструктура на Крим“.
Кај уапсените биле пронајдени „моќни експлозивни направи, оружје и муниција, специјални средства за врска и други материјални докази за нивната криминална дејност, вклучувајќи карти и шеми на објектите, каде ги планирале диверзиите“.
Истрагата се уште работи на утврдувањето на фактите за случајот.
На 10 август ФСБ, исто така, соопшти дека во Крим уапсила група диверзанти и спречила терористички атентати, подготвани од украинското разузнавање.
Киев, тогаш, ги отфрли обвинувањата за тероризам.