
Се прави обид превртеното товарно возило да се отстрани од коловозот со кран, а од двете страни на преминот е формирана колона од возила. На местото на настанот излезе и сообраќајната полиција, која треба да ги утврди причините за незсреќата. Нешто пред десет часот возилата почнале да се пропуштаат наизменично од двете страни, но сообраќајот се одвива забавено.