
Пожарот го зафатил третиот кат од куќата, сопственост на Н.Т. на улицата „21-ва“. При гаснењето на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пронајдено опожареното човечко тело.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден кога ќе ги утврдат причините за пожарот.