
Како што најави партиската прес-служба, на конвенцијата обраќања ќе имаат носителите на изборните единици и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Коалицијата „За подобра Македонија“ синоќа до ДИК ги поднесе кандидатските листи за пратеници. За носител на листа во Првата изборна единица е предложен Никола Поповски, во Втората Никола Тодоров, а во Третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, прв на листата во Петтата изборна единица е Антонио Милошоски, во Шестата Влатко Ѓорчев, а во Седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.