
„Полицијата ја испитува престрелката на мостот `Морисон`. Еден човек е повреден. Сите треба веднаш да го напуштат регионот”, се наведува на Твитер, во соопштението на официјалната страница на локалната полиција.
Според претходни информации за пукањето е осомничен млад афроамериканец. Според полицијата, околу полноќ, по локално време, избила расправија меѓу еден од демонстрантите и едно лице кое со автомобил преминувало преку мостот. По расправијата, лицето излегло од возилото и го ранило демонстрантот.