
Државниот секретар во Министерството за труд и социјална заштита Ненад Иванишевиќ изјави за националната телевизија РТС дека мигрантите се придружени од полицајци и претставници на српскиот комесаријат за мигранти и бегалци и Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Тој истакна дека патувањето до хрватската граница е уште еден залуден обид на мигрантите да привлечат внимание на себе и да ја натераат Европската унија да ги отвори границите за нив.
Иванишевиќ рече дека српските власти им нудат да се вратат во Белград или во приемните центри за бегалци и мигранти.
Во Србија во моментов има околу 6.000 мигранти и бегалци. Во центрите има место за околу 5.000 луѓе, но благодарение на донации до крајот на месецот капацитетот ќе биде зголемен за уште 1.000 места, рече Иванишевиќ.