
Оваа информација денеска за медиумите ја потврди у германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит, според кого, тоа е една од можните мерки со која земјата ќе се бори против новата епидемија на птичји грип што ја зафати Германија,
Пред да биде донесена каква било одлука Германија ќе се консултира со членките на ЕУ, меѓу кои и со Холандија, Полска и Данска.
Новата епиденија на вирусот Х5Н8, познат како „птичји груп“, изминатиов викендов беше прогласена во Германија и Швајцарија, а вирусот повторно е забележан и во Австрија, Унгарија, Полска, Холандија, Данска и Хрватска.
Денеска во Брисел на оваа тема ќе разговараат и министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ.