
Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека победата на републиканецот Доналд Трамп на американските претседателски избори и гласањето за излез на Велика Британија од ЕУ, означуваат нова ера на длабоки промени во светот.
Меј во Лондон истакна дека Британија не смее да ги отфрла промените и да води битки од минатото, туку да се адаптира на сегашноста.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон оцени дека Трамп е „расположен за договори“.