
Од 15 септември 2014 година, кога почна да работи линијата, досега имало 119.275 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата најчесто се за совети поврзани со кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, сезонски настинки и симптомна болка.
На лицата кои побарале здравствена помош на линијата „Ало докторе“ им е даден медицински совет и соодветна симптоматска терапија.