
Тепачката почна кога Љашко го обвини Бојков дека е „агент на Кремљ“ и оти „патува за Москва за добие наредби од Владата“.
– Инструкциите треба да ги добиваш од сопствениот народ, Украинците. Би сакал да ја прашам безбедносната служба зошто ја посетуваш Москва, а не си во затвор, изјави Љашко.
Бојко на тоа возврати со тупаница. Другите политичари се обидоа да ги разделат и за 30 секунди се се врати во нормала.
Не е првпат Љашко да учествува во физичка пресметка во украинскиот Парламент. Тепачките во Парламентот на Украина не се реткост.