Струмичките административци по наредба на снимање на видео за СДСМ

Голем број вработени во администрацијата на општина Струмица, но и во основните и средните училишта денеска рано утро по наредба од локалниот штаб на СДСМ морале да се појават во Градскиот парк на снимање на видео спот за потребите на предизборната кампања на Социјалдемократите.

Според информациите до кои што дојдовме, на вработените во администрацијата и училиштата вчера има била испратена порака да се појават во 9,20 часот денеска во Градскиот парк во Струмица за да биде дел од промотивно видео на СДСМ. Подоцна на истите вработени им била испратена втора порака дека снимањето потоа ќе продолжи во 15,30 часот во Домот на културата. Двете снимања се во текот на работното време што е назаконско.

Ваквото постапување на од СДСМ со вработените во администрацијата преставува прекршување на законот којшто забранува било какви политички активности на административците во работно време.

Ваквото злоупотребување на администрацијата во политички цели е спротивно на Законот за вработени во јавниот сектор, како и спротивно на Законот за административни службеници.

strumica-1

–Вработените во текот на работното време не смеат директно да учествуваат во изборни активности или во други јавни настапи од таков вид, се вели во член 3 од Законот за вработени во јавниот сектор.

Во член 3 од Законот за административни службеници  стои дека искажување и застапување на политичко уверување во вршењето на работните задачи, учество во изборни активности или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време претставува дисциплински престап.

-Искажување и застапување на политичко уверување во вршењето на работните задачи, учество во изборни активности или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време, доведување во прашање на својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија, стои во членот 3.

Според Кодексот на административни службеници, административниот службеник не го застапува и изразува своето политичко уверување во вршењето на службените задачи и не врши политички активности, што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата и во институциите од јавниот сектор.

Според информации од терен, во близина на паркот забележани се и возила со српски регистарски таблички, но засега нема потврда дали станува збор за лица од агенцијата „Раскин и Хант“ или популарно наречени „Сејачи на скапа магла“, Иван Бендер и Милан Шчекиќ.