
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски беше претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, но и претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија и собраниската делегација во Парламентарното Собрание на Франкофонијата.
Николоски на новата позиција, доаѓа на местото на Андреј Лепавцов, кој пет години беше амбасадор во ЕУ.