Лавров: Руските воздушни напади во Сирија се единствено против ИД

ид

Руските и сириските военовоздухопловни сили работат заедно единствено за да ги спречат борците од Исламска држава, кои бегаат од ирачкиот град Мосул да преминат во Сирија, рече Лавров, кој се наоѓа во посета на Лима.

Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери одржаа билатерални разговори на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка.

Кери посочи дека го разгледале „секој аспект“ од ситуацијата во Алепо, како и други теми, вклучувајќи ги Либија и Јемен.