
Бостонскиот универзитет претходно соопшти дека во кампусот има „голем број полицајци поради тревога“ и оти од луѓето се бара да го напуштат подрачјето.
Американските медиуми јавија нешто се случува во зградата каде се сместени универзитетската библиотека и филијала на „Банката на Америка“. Бостонската полиција на Твитер објави дека „се случува нешто загрижувачко“.
Полицајците ги проверија објектите и ништо не најдоа.
Градоначалникот на Бостон, Марти Волш изјави дека и покрај тоа што изгледало дека тревогата е лажна, полицијата морала сериозно да пристапи кон инцидентот.
Тој додаде дека лажните тревоги се се почести во САД.