
Американско-кинеските вежби од тој тип се организираат од 2005 година како дел од напори со цел изградба на доверба и координација во момент кога двете влади често се спротиставуваат поради спорови во Јужното Кинеско Море и на други места.
Вежбите ќе траат една недела. Покрај тие вежби, војските на САД и на Кина одржуваат заеднички поморски вежби во близина на хавајскиот брег и други ограничени мултинационални вежби претежно насочени на помош во хуманитарни катастрофи.