
Од полицијата информираат дека несреќата се случила меѓу товарно возизло „цитроен берлинго“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.К. (58) и сопатник Ш.Д. (55) и двајцата од Скопје, и камион „сканија“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Р.И.(47)-село Черкези-кумановско.
-Возачот на „цитроенот“ и сопатникот се здобиле со тешки повреди и истите биле префрлени во ЈЗУ Општа болница Велес каде Б.К. починал, додека кај совозачот Ш.Д. се констатирани тешки повреди и е надвор од животна опасност.
Полицијата извршила увид на местото на настанот извршиле, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.