
Загадувањето на воздухот е најголемата поединечна еколошка закана во Европа, наведе Агенцијата, чие седиште е во Копенхаген.
Според нејзина проценка, во 2013 година имало речиси 470 илјади случаи на предвремена смрт во 41 европска земја, кои се тесно поврзани со загадувањето на воздухот.
Фините честички како и озонот и азотниот диоксид предизвикуваат или ги зголемуваат респираторните проблеми, срцевите болести и канцерот и водат кон кратење на животниот век, истакна ЕЕА.
Озонот е исто така причина за загадување на земјоделските култури.
Неопходно е да се направат напори од страна на властите и грѓаните и да се издејствува намалување на штетните емисии, изјави раоводителот на ЕЕА, Ханс Браунинкс.