Експлозија во Адана, има загинати и повредени (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а 16 се повредени при експлозија на автомобил-бомба експлодира пред канцеларијата на гувернерот во градот Адана, на југот од Турција.

Гувернерот на Адана, Махмут Демиртас вели дека автомобилот експлодирал во 8:05 часот во близина на влезот на зградата.

eksplozija1

Демиртас додаде дека за експлозијата е осомничена жена, бидејќи регистарските броеви на изгореното возило се идентификувани.

Неколку амбулантни возила и екипи на полицијата пристигнале на местото на инцидентот.

Според првичните податоци, автомобили, кои се наоѓале во близина на зградата се уништени.