Прво место за македонкиот филм „Farewell” на интернационалниот натпревар FilmConvert Competition

Македонкиот филм “Farewell” го освои првото место на натпреварот FilmConvert Competition.

Приказната на филмот е сместена во дистопична иднина, опишувајќи ја бесцелноста на војната.

Режисер и продуцент е Пеце Здравковски а,  главна улога играат Димитар Ѓорѓиевски и Симона Јосифовска. За камерата и изгледот на сет се погрижија Ѓорги Вацев и Пеце,  додека шминката беше дело на Сашо Мартиновски.

Инзвонредното аудио е дело на Христо Стојановски, Ристо Алчинов, додека прекрасниот глас којшто го од 00:56 пола филм е на нашиот музичар Коста Хаџикојчев.

Со 26 гласови водство пред вториот учесник и 706 пред третиот, убедливо е на првото место и ја има наградата од највисок ранг  „People’s Choice” на овој интернационален натпревар.

На натпреварот вкупно имаше 605 учесници, од кои седум беа наградени.