
Во однос на вториот квартал годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,5 проценти, во воздухопловниот за 20,7 проценти, а во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 44,4 проценти.
Според статистичките податоци, во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 7,9 проценти, а во железничкиот превоз е регистрирано намалување за 46,6 проценти. Во градско-приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека бројот на превезени патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5,2 проценти.
Споредено со вториот квартал годинава, бројот на превезени патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,9 проценти, во градско-приградскиот за 22,4 проценти, во железничкиот за 2,9 проценти, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 проценти.