
Во моментов се гради од Штип до Неготино а при крај е потпишувањето на договорите за градба на од Неготино преку Прилеп до Битола и од Скопје до Тетово и Гостивар.
-Следен на ред е гасоводот од Штип, Хамзали, Струмица Гевгелија па до грчка граница. Гевгелија ќе добие гасовод преку цевка а не како што носи Заев во Струмица со цистерни и е многу поскап и токму затоа домаќинствата во Струмица не го користат. Го користат од што мораат локалните институции. Овој пат ќе имаме поевтин гас поврзан со цевковод и ќе се однесе до грчка граница каде ќе се спои со друг цевковод. Па ќе овозможи и гас од други извори кој би бил поевтин и би ја спуштил цената на гасот во Македонија, рече Груевски.