СДСМ: Македонија има најлошо здравство во Европа

Децениското владеење на Никола Груевски и неговите послушници целосно го руинираше здравствениот систем. Со неодгвороно и криминално работење, Никола Тодоров ВМРО-ДПМНЕ го направи македонското здравство најлошо во Европа, обвинуваат од СДСМ.

За време на владеењето на Никола и Никола годишно над двесте доктори неповратно си заминуваат од државата а јавното здравство е пред колапс. Секојдневно умираат пациенти поради негрижа или неспособност на администрацијата. Случајот на Тамара е пример дека на Тодоров и Груевски битен им е само личниот маркетинг а никако грижата кон граѓаните.

Наместо решавање на клучните проблеми се ветуваа изградби на клинички центри кои не само што не се остварија, туку никогаш не започнаа со градба, велат од СДСМ.