
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, просечната откупна цена е 186,50 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 34,91 отсто или досега се исплатени 103 милиони денари.
Според првичните проценки, се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишаа 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември, информира Министерството.