
Ова е втор случај на уништување на прозорци и инвентар на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци , откако пред точно една недела исто така беа демолирани партиските простории.
На денешната прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци со став, дека ова е само показател на нервозата и паниката што владе кај СДСМ.
Полицијата го регистрирала случајот. Во билтенот на МВР стои дека синоќа околу 23 часот извршено е оштетување на штабот на политичката партија ВМРО ДПМНЕ .
Увидна екипа од ПС Кавадарци излегла на местото на настанот и се превземаат мерки за негово расветлување .
Од ВМРО ДПМНЕ очекуваат што поскоро да се најдат сторителите на вандализмот од синоќа и од пред точно една недела.
Инаку деновиве и во Струмица беше уништуван промотивниот политички материјал на ВМРО ДПМНЕ.
Покрај оштетувањето на банер , материјална штета беше предизвикана и на околните дуќани кои се во приватна сопственост.
Од полицијата велат дека се превземаат мерки за расветлување на сите три настани, пренесува Канал 5.