
Над 80.000 граѓани вечерва и даваат поддршка владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Скопје. Просторот пред Собранието веќе е целосно исполнет, а граѓани се’ уште пристинуваат.
Позитивна атмосфера, патриотска музика и илјадници разположени лица кои се дојдени да и кажат „не“ на политиката на опозицијата за редефинирање на државата и да дадат голема поддржка за политиката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Најавено е интересно изненадување на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
