Рома ја совлада Пескара и се врати на второто место во Серија А

рома

Един Џеко со два погодока во првите дест минути ја најави победата на „римската волчица“. Третиот гол го постигна Диего Пероти. За гостите погодија Ледијан Мемушај и Џанлука Капрари.

На другите завршени средби од 14.коло постигнати се следниве резултати:
Палермо – Лацио 0:1,
Болоња – Аталанта 0:2,
Каљари – Удинезе 2:1,
Џенова – Јувентус 3:1
Кротоне – Сампдорија 1:1,
Емполи – Милан 1:4 и
Торино – Киево 2:1.

Вечерва играат:
Наполи – Сасуоло и
Интер – Фиорентина.

Табела: Јувентус 33 бодови, Рома 29, Милан 29, Лацио 28, Аталанта 28, Торино 25, Наполи 24