
-За ист вид на прекршоци едни телевизии редовно се казнуваат додека на други телевизии им се прегледува низ прсти. Еве денеска и официјално. Мое мислење е дека македонските медиуми генерално известуваат балансирано, коректно, даваат простор на сите партии кои што сакаат да ги претстават своите ставови до јавноста. Имаме често пати случаи кога медиуми се казнувани од страна на привремената комисија на овие тројца членови кои што се предложени и одобрени од страна на партијата СДСМ, затоа што наводно не издавале доволно ставови на партијата СДСМ. Потоа овие медиуми ни кажуваат дека упатиле покани, дека овие покани се одбиваат, на нив не се одговара, истакна Чилиманов.
Посочи дека одредени членови на комисијата како Трпеновски тоа и го потврдиле со образложение дека се запознаени со тоа дека СДСМ бојкотира одредени телевизии и не испраќа свои соговорници во нивните емисии, а потоа тие членови на комисијата кои се запознаени со оваа состојба поднесуваат барање за казни на тие телевизии.
-Поради очигледно неводење на кампања на партијата СДСМ во голем број телевизии имаше дисбаланс во минутажа посветени за двете најголеми партии ВМРО и СДСМ. Значи буквално имавме ситуација денеска да казнуваме телевизии кои што велеа дека сите настани кои што се од СДСМ биле покриени, едноставно кога ќе ги соберете минутите не го достигнуваат потребниот квантум на минути за да има баланс со настаните кои ги организирала партијата ВМРО-ДПМНЕ. Законот дозволува дека доколку некоја партија има далеку поголем интензитет на кампањата како што беше случај во овие 10 дена, да не се поведува прекршочна постапка , во овој случај телевизиите не се виновни за тоа, но сепак партијата СДСМ бараше нивно казнување, заклучи Чилиманов.