
-По 20 милиони евра за македонските села, за улички, патчиња, сокаци, мали плоштадчиња, домови на културата, домови за млади луѓе. Сериозно ќе се фокусираме и сконцентрираме на руралните средини и во делот на земјоделството и во делот на локалната инфраструктура, како и руралните економски развојни зони ќе овозможиме голем број на откупни центри, голем број на стопански капацитети со што ќе имаме зголемување на вработеноста, истакна Ѓорчев.
Тој додаде дека како ќе се намалува невработеноста, така ќе растат платите на вработените.