
Нацрт-законот го поднесоа републиканци и демократи и е прифатен со 390 гласови „за“ и 30 „против“. Поврзан е со закани за националната безбедност на САД, со дејноста на американските разузнавања и контрола од страна на Конгресот.
Во него има и таен анекс.
Во нацрт-законот се повикува на формирање нова работна група што ќе се спротиставува на обидите на Русија „тајно да влијае врз лица и влади“.
Се очекува Сенатот да гласа за нацрт-законот за разузнавањето пред крајот на годината.
Во законот се орпеделуваат и нови правила со кои се ограничуваат патувања на руски дипломати и конзули во САД.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова ги критикуваше тие предлози. – Ако во Вашингтон навистина одлучат да ги изменат постоечките договори, ние ќе дејствуваме соодветно за американските дипломати во Русија, изјави таа.