
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4 Никола Груевски на синоќешниот митинг одржан во Битола истакна дека двете компании изнесуваат околу 10 милиони и 600 илјади евра
-Турска компанија која се занимава со метало-преработувачка индустрија одлучи да инвестира во зоната Жабени. Инвестицијата е од 8 милиони и 600 илјади евра и планираат најмалку 110 нови работни места. Тие веќе имаат купено земја во Жабени, а градбата ќе започне за некој месец, следната година, а стартувањето со производство најдоцна една година потоа.
На оваа инвестиција, додаде Груевски, работеше министерот Џери Наумоф по потекло од битолско и двајца од кабинетот на претседателот на Владата, Данчо Николовски и Слободан Тодоровски, кои заслужуваат честитки.
-Втората инвестиција е нова грчка компанија „Пластики“. Денес не извести дека оваа грчка компанија од областа на производството на изолациони и пластични материјали кои се употребуваат во градежни производи, дека донеле и финална одлука за инвестирање во Биотла со планиран број на вработени, најмалку 150 лица и инвестиција вредна 2 милиони евра. Тие ќе ја реализираат инвестицијата во браунфилд објект наредната година, подвлече Груевски.
Очекувањата на грчката компанија „Пластики“ се дека инвестицијата за околу две години да порасне до 2,5 милиони евра и да вработи 150 лица.
-Ние сме во овој бизнис уште од 1958-ма година, мојот татко ја оформи оваа компанија. Поизведуваме инфраструктурни материјали за изолирање како што кажав за тунели, метро станици, мостови, патишта и воглавно водни брани за големи градби. На почтокот ќе започнеме со инвестиција од 500 илјади евра, па за две до две ипол години ќе достигне до 2 – 2,5 милиони евра. Ќе вработиме околу 150 луѓе, вели во интервју за битолската телевизија МЕГА сопственикот на компанијата, Јанис Тирбас.
Тој додава дека пред две години, кога барале место за инвестирање биле повеќе ориентирани кон земјите од Европската унија, ги посетиле Бугарија и Србија, но по некое време луѓе од македонската Владата биле на Бизнис саем во Солун.
– Бев изненаден, ме убедија дека вашата земја e најдобра за инвестирање. После тоа, пред околу една година посетив многу места барајќи го вистинското место за нашата компанија. Дојдовме во Битола и одлучив дека Битола е вистинското место за инвестирање. Главната причина е тоа што Битола има високо едуциран и млад кадар. Слушнав дека има многу добро инженерско школо овде и мислам дека најдобриот начин е да се пронајдат млади луѓе со добро образование, електро-механичко образование, да започнат да работат во нашата комапнија. Ова беше главната причина, но исто така е блиску до грчката граница, лесно е да се дојде тука и е доста убаво место за живеење, вели Тирбас.
Тој потенцира дека производството ќе започне на почетокот на 2017-та година, односно крајот на февруари, почетокот на март, а производите ќе ги извезуваат ме воглавно во земји од Блискиот исток. Компанијата има извоз и во Сингапур, Кипар, сите земји од Балканот.