Оланд нема повторно да се кандидира за претседател

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека нема повторно да се кандидира за функцијата бидејќи како што објасни, сака да им даде шанса на своите социјалисти да победат „против конзерватизмот и екстремизмот“.

Тој наведе дека рационално ги согледал своите шанси да добие широка поддршка во партијата која останува поделена околу неговата политика.