
Новите волонтери ќе се приклучат на повеќе од 680 американски државјани коишто биле во Македонија, од отворањето на Корпусот во 1996 година. Новата група волонтери е 21-ва што ќе живее и работи во Македонија.
– Овој настан ќе го одбележи успешното завршување на интензивната 11-неделна обука во која волонтерите го изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура. По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Македонија, соопшти Корпусот.
Мировниот корпус е основан во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди. Има три цели: да се обезбедат волонтери кои ќе придонесат во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства, да помогне луѓето од земјата домаќин да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка и да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите низ светот.
Преку своите активности, доброволците на Мировниот корпус промовираат мир во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.