
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски вечерва ги злоупотреби државните ресурси за партиски цели.
Имено, со службеното возило Ременски вечерва пристигнала на митингот во Куманово, а со тоа уште еднаш се докажува злоупотребата на службените ресурси, како и службените возила за приватни и партиски цели.
Претходен ваков случај беше забележан кога Наташа Методијева вработен службеник во кабинетот на министерка користела возило на министерството за приватни потреби и цели.