
За време на престојот, делегацијата предводена од членот на ПССЕ од Австрија Штефан Шенах, ќе се сретне со лидери и претставници на политичките партии, со претседателот на Државната изборна комисија, специјалниот обвинител, како и со претставници на меѓународни организации, на граѓанското општество и на медиумите.
Како што информираат од ПССЕ, член на Венецијанската комисија ќе обезбеди правна поддршка на делегацијата за време на посетата.
Делегација на ПССЕ го посети Скопје на 21 и 22 ноември годинава во пресрет на изборите.