
Во временскиот период од 8.30 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Борис Трајковски“ под улица 7, во општина Кисела Вода, а од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селото Горна Матка, општина Сарај.
Од 9 до 11 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, непарни броеви на улици, од број 41 во општина Аеродром, а од 9.05 до 11.05 часот корисниците од Фершпед- Царинарница Автокоманда во општина Гази Баба.
Дел од корисниците лоцирани на улицата „Франце Прешерн“ од 100 до број 130 во општина Карпош, ќе бидат без струја од 9 до 14.30 часот, а од 11.30 до 13.30 часот дел од Пивара-Скопје, магацини во општина Гази Баба.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.