Шекеринска: Во недела одлучуваме за повисоки плати и за иднината на нашите деца

 

На претпоследниот ден од кампањата повторно сме во Крушево, каде граѓаните масовно го поддржаа нашиот План за живот во Македонија.На сите им е јасно дека овие избори не се обични избори. На нив не се гласа за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Ова се избори дали во следните 4 години ќе преживуваме, или ќе дадеме шанса на животот во Македонија, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Ова се избори на кои одлучуваме за иднината на нашите деца. Одлучуваме за минимална плата која ќе порасне до 16 илјади денари, додека просечната плата ќе порасне до 30 илјади денари.

Ова е остварливо и вистински заради тоа што испланиравме финансиска поддрша на домашните претпријатија, за да можат да отворат нови работни места и за да можат да исплаќаат повисоки, подобри плати, исткна Шекеринска.