
Завршниот митинг на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва се одржува во Прилеп.
Градот под Марковите кули дава масовна поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборите закажани за во недела.
Над 15.000 граѓани се собраа во Прилеп да дадат поддршка на последниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања.
Информациите од терен говорат дека масовноста на собирот е над очекувањата, а тоа го потврдуваат и овие фотографии.