
Добивките џек пот, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1- ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Мини џек пот добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 22 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 31.245.119 денари. Покрај нив, освоени се и 2.792 Мини џек пот добивка во вкупен износ од 20.894.139 денари.