
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје денеска во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „Раскрилена птица“, посветена на познатата балерина Јагода Сланева.
Авторка на ова значајно дело е Емилија Џипунова, долгогодишен хроничар и афирматор на балетската уметност во Република Македонија.
За најновото дело во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје ќе говорат Соња Здравковска Џепаровска, проф. д-р Љубинка Басотова и писателот Ефтим Клетников