ДИК: Изборите поминаа беспрекорно

Денеска имавме успешен ден. Изборите во организациско – техничка смисла поминаа беспрекорно, изјави вечерва претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.

– Со оглед дека во рок од пет часа по завршување на гласањето сите избирачки одбори треба да ги предадат оригиналните записници до ОИК, целосна слика се очекува вечерва околу полноќ, рече Чичаковски.