
-Нека победи демократијата. Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера како што доликува на еден европски цивилизиран народ, нека го искористат своето право на глас и на демократски начин да одлучат кој треба да ги води во наредните четири години, рече Јакимовски.
Според него, вечер ќе има јасен победник на изборите.
Поразениот достоинствено да ги прифати резултатите и да му ја честита победата на победникот, а победникот да не се однесува реваншистички, туку веднаш да се зафати со работа. Максимално да се посветиме на решавање на приоритетите и секојдневните проблеми на граѓаните и да ги надоместиме изгубените две години политичка криза, додаде Јакимовски.