
Специјалниот координатор одговорен за предводење на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Македонија, Роберто Батели изјави дека досега нема недостатоци на избирачките места и немаат информација за било какви проблеми.
Прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена во понеделник, откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од целодневното набљудување на изборниот процес. Над 650 странски набљудувачи се дел од изборниот процес од кој 250 краткорочни набљудувачи се од ОБСЕ.