
Според него, инцидентот се случил денеска во 11 часот и 20 минути.
По приведувањето, кусото задржување и раговорот во полицијата, на тетовецот со потврда му бил одземен мобилниот телефон за натамошно вештачење, а тој ќе се соочи со прекршочна пријава согласно Изборниот законик за незаконско користење на мобилен телефон или апарат на избирачко место за што е предвидена глоба од 300 до 1.000 евра во денарска противредност, рече Јосифовски.
Како што додаде, во телефонот е констатирана слика од избирачкото место. Полицијата ќе испитува докази и елементи за можно кривично дело.
Инцидентот беше потврден и од претседателот на Општинската изборна комисија од Тетово Артан Адеми кој посочи дека по интервенцијата на членови на Избирачкиот одбор и Општинската изборна комисија заедно со полицијата гласањето и на ова избирачко место продолжило без никаков друг проблем.